На времето во...... |

Published in North Macedonia - Social interactions and entertainment - 0 - 03 Sep 19 13:35

Да бакнеш девојка зад зграда или пред зграда било вистинска фантазија и сон на секое момче, затоа што додека се стигне до тоа, поминувале месеци во следење на саканата, праќање абери по другари и другарки, киснење, раскажуваат старите скопјани.
Седмо и осмооделенците беа предгрупи на корзото од седумдесетите во Скопје.Тие на корзото се движеа од 18 часот – дома мораа да се приберат во 20 часот.
https://infomax.mk/wp/wp-content/uploads/2019/01/skopje.jpgМалку постарите корзото го започнуваваа од 19 часот – шемата на корзото беше до 21 часот, потоа се одеше во некој од кафеаните, летните тераси пред Стоковна куќа и пред сегашен Пелистер..
https://infomax.mk/wp/wp-content/uploads/2019/01/porano-1.jpgИсто така на времето во ГТЦ се одеше по сè: по шампити во Ванила, по плочи во Југотон, по костимчиња во Мура, по адидас во Словенија шпорт, по петсто кец во Вартекс, по свирки на Коцка, по лазањи во Рим-Париз, по сендвичи кај Чичко Стоилко, по пици во Жито лукс…

Support

Bayek of Siwa

Comments (0)