Ла Лига ќе продолжи |

Published in North Macedonia - Social interactions and entertainment - 0 - 19 Apr 20 04:23

Од шпанската Ла Лига полека ги привршуваат подготовките за продолжување на сезоната во фудбалскиот шампионат.Светот е во исчекување на враќањето на фудбалот на малите екрани, а се чини дека во Шпанија веќе се договорени сите протоколи пред продолжувањето на сезоната.Првенството ќе треба да започне кон крајот на месец мај, а играчите и сите инволвирани во натпреварите ќе се тестираат најмалку три пати пред и официјално да започнат натпреварите.Првите тестови ќе бидат извршени во првите два дена по враќањето на клупските активности. Потоа второто тестирање ќе биде кога играчите ќе се соберат за групен тренинг, а третото и веројатно финално тестирање ќе биде спроведено пред самиот почеток на натпреварите.Се очекува сите играчи кои ќе бидат негативни да останат во карантин до завршувањето на сезоната со цел да се избегне евентуално заразување со коронавирусот.https://en.wikipedia.org/wiki/La_Liga#/media/File:La_Liga.png

Support

Comments (0)